Политика за Заштита на лични податоци

Политика за Заштита на лични податоци

 

Оваа политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во www.webklinika.mk и начинот на кој собраните лични информации се користат.

Оваа политика на приватност се однесува само на веб страната на Webklinika.mk и на сите поддомени. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до друга веб страна ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

Со самиот пристап и регистрација како Купувач на веб страната на www.webklinika.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика за заштита на лични податоци.

Прибирање на лични податоци

обирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Ние вршиме собирање на личните податоци само доколку се регистрирате како Купувач на нашата веб страна и ги прибираме само оние информации кои ни се доставени од ваша страна.

Информации кои ги собираме

Во информациите кои ги собираме спаѓаат: Име и Презиме, Е-маил адреса, Адреса на доставување на нарачката и телефон за контакт.

Ние не собираме никакви информации од финансиска природа како број на картичка и/или број на банкарска сметка.

Вашата трансакција ќе биде процесуирана преку системот за наплата од кредитни картички CaSys. Системот користи најнова технологија за заштита на личните податоци и притоа овозможува испраќање на бројот на вашата картичка директно до банката преку сигурна конекција.

Користење на личните податоци

Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

Ние ќе ги користиме вашите лични податоци единствено за да ви овозможиме пристап до www.webklinika.mk, за да се исполни и процесира вашата нарачка, за да ве информираме за нови производи и услуги кои ги нудиме и за наши маркетиншки цели.

Ние нема да ги објавиме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.

Чување на личните податоци

Вашите лични податоци ќе бидат чувани не подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите ќе бидат избришани од нашиот систем.

Сигурност на вашиот профил

Вашето корисничко имме и лозинка се основната заштита на вашиот профил.

Вашето корисничко име и лозинка се единствени и не треба да ги откривате на трети лица.

При креирање на Вашата лозинка ви препорачуваме да користите комбинација од броеви, букви и специјални знаци.

Доколку Вашата лозинка е компромитирана или се сомневате во злоупотреба ви препорачуваме веднаш да не известите и да извршите промена на лозинката.

Cookies

Оваа веб страница може да употребува cookies. Cookies се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на Нашата веб страна со што се овозможува брз пристап. Преку Cookies не се прибираат лични податоци.

Малолетни лица

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со лични податоци.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители илис таратели.

Ние нема намерно да прибираме или користиме лични податоци од малолетни лица.

Сигурност

Ние ги превземаме сите потребни мерки за заштита на вашите лични податоци со што ги минимизираме ризиците од спречување неовластен пристап и злоупотреба.

Оваа Политика на заштита на приватност стапува на Сила од Септември 2013 година кога и официјално започна со работа www.webklinika.mk.

Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на веб страната на www.webklinika.mk најмалку 30 дена пред да стапат во сила.

За сите прашања во врска со оваа Политика за заштита на лични податоци можете да се обратите на www.webklinika.mk преку оставениот контакт или преку телефонската линија за подршка.