30% ПОПУСТ на мамографија на дојка, ехо на дојка со ултразвук и консултација со специјалист. ПЗУ Поликлиника Мед-Х Дијагностика.

-30%

 
Цена
5000.00 
 3,500.00ден.
Кол:  

Важи до: 11-12-2024

За компанијата:
ПЗУ Поликлиника
Мед-Х Дијагностика
Радио дијагностика​ 

 

Напомена:

-Купонот може да се искористи веднаш после купувањето.
-Задолжително е закажување на прегледот по купување на услугата.
-Работно време. По-Пе 9-17
-При посета на ординацијата со себе мора да го понесете ваучерот добиен при купување на услугата
-Дополнителни информации побарајте на 078/291-127

02 2044 344

Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

МАМОГРАФИЈА 

Мамографијата претставува испитување  на дојките со снимање кое користи рентген зраци. Се користи за откривање и оценка на промени во дојките. Најчесто се користи за откривање на рак кај жени кои немаат симптоми и ова се нарекува СКРИНИНГ МАМОГРАФИЈА. Исто така мамографијата се користи и кај жени кои имаат симптоми од дојките, како палпабилна грутка, болка, исцедок од брадавицата или имаат сoмнителна промена која се гледа на скрининг мамографијата и ова се нарекува ДИЈАГНОСТИЧКА МАМОГРАФИЈА.

Многу пациентки се загрижени  поради изложеноста на рентген зраци. Модерните мамографски машини користат ниски дози на зрачење за производство на х-зраци за снимање на дојката и добивање висок квалитет на слика. Денешната мамографска техника не носи зголемен ризик за појава на карцином на дојка кај жени кои правеле редовни, годишни мамографски снимања.

Дозата на зрачење што се прима при една мамографија е еднаква на таа што телото ја прима од природата во тек на три месеци. Ехо на дојка e основна дијагностичка метода која се применува како превентивен преглед за рано откривање на карцином на града. Секоја жена на возраст над 45 години е должна да има годишен контролен преглед на дојки кои покрај ехо преглед вклучува и  контролна мамографија.

ЕХО НА ДОЈКА

Ехо на дојка е основна дијагоностичка метода која се применува како превентивен преглед за рано откривање на карцином на градата. Секоја жена над 45 години е должна да има годишен контролен преглед на дојки кој покрај еџо преглед вклучува контролна мамографија. Со Ехо на дојка  се гледа мамарното  ( жлезденото)  ткиво и дали постојат цисти или други паталошки промени. Сондата располага со колор доплер кој што детектира васкуларизација внатре во цистичните промени на дојката. Постои можност за пункција на дојката со циталошка дијагноза.

Рак на дојката 

Карциномот на дојката е малигно заболување кај жената. Ризикот од појава на овој карцином е повисок кај жените кај кои постои можност болеста да биде наследна (доколку претходно се има јавено кај нејзината мајка или кај некој поблизок член од семејството по мајчина линија). Ризикот е поголем и кај жените кои го имале првото породување по 30-та година од животот, кај жените со стерилитет, кај жените со поголема телесна тежина, кај оние кои ја добиле првата менструација пред својата 11-годишна возраст или кај оние кај кои менопаузата настапила по 55-та година од животот. 

Во дијагностиката, најбитен е самопрегледот на дојката во периодот меѓу 5-от и 10-от ден од менструалниот циклус. Самопрегледот се состои од палпација на дојката при лесно подигната рака. Препорачливо е тоа да се практикува еднаш месечно по 20-годишната возраст на жената. За најсигурен скрининг се смета ултразвучниот преглед на дојката. Кај сомнителните наоди се прави пункција со цитолошко испитување или биопсија на ткивото за хистолошко испитување. 

За дефинитивно излекување на пациентката може да се зборува по изминувањето на 5 години од првичното поставување на дијагнозата. Доколку болеста се открие во првиот стадиум, процентот на преживеаност кај пациентките е 70-80%, доколку тоа се случи во вториот стадиум тогаш процентот изнесува 50-70%, а во третиот и четвртиот стадиум 20-30%, па и помалку. 

Откривањето на болеста во ран стадиум ги зголемува шансите за излекување до 96%! Милиони жени во светот се излекувани од рак на дојка.

Прегледите за ехо и мамографија се вршат еден ден во работната недела,во зависност од бројот на пациентите.Пред да се купи купонот Ве молиме да не контактирате за било какви дополнителни информации.

Напомена:доколку поради x причини не можете да дојдете на закажаниот термин,ве молиме прегледот кој сакате да го откажете,да биде јавено 1-2 дена претходно на тел.бр. 076/344-343 за да може средствата да ви бидат во целост вратени,а доколку истото не се најави претходно или снимањето започне а не се доврши,средствата ке ви бидат 50% вратени.

Локација на ординацијата: