42% попуст на третман за ДИСКУСХЕРНИЈА (комбинација од електро терапија, ултразвучна терапија и кинезитерапија) со времетраење од 60 мин. Добијте го третманот за цена од 690 денари.

-42%

 
Цена
1200.00 
 690.00ден.
Кол:  

Важи до: 05-12-2024

За компанијата:


Ласер Мед
Центар за Физикална и Кинези терапија

Напомена:


-Купонот може да се искористи веднаш по купувањето
-Задолжително е закажување на прегледот по купување на услугата
-При посета на ординацијата, со себе мора да го понесете ваучерот добиен при купување на понудата

-Работно време: Пон-Петок 10:00-20:00 часот

-Дополнителни информации побарајте на +389 78 291-127и +389 (0) 2 2044 344
Почитувани, по купувањето на услугата во Вашиот купон ќе ги добиете сите дополнителни информации (телефон, меил, лице и сл) за контакт со продавачот на услугата. Доколку е потребно контактирајте ја нашата служба за Грижа на корисници.

Што е ДИСКУС ХЕРНИЈА?

Меѓу пршленските тела на `рбетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори. Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (односно дискуси) се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди.

Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси.

Со намалување на еластичноста на дискусот се зголемува веројатноста тој да попушти, односно да прсне, при што тој се изместува од својата природна ложа и врши притисок врз околните структури, а тоа се `рбетниот мозок и корените на нервите кои излегуваат од `рбетниот мозок во близина на пршленски тела и меѓупршленските дискови. Дискус хернијата е чест здравствен проблем и најчесто настанува поради неправилни и неприродни движења на `рбетниот столб, најчесто во пределот на кичмата, односно крстот.

Едно невнимателно наведнување кон напред и подигнување на тежина која и немора да биде кој знае колку голема, може да доведе до изместување на дискусот од неговото лежиште. Таа може да се појави во кој било дел од `рбетот, но најчесто во крстниот дел околу 90%, помалку во вратниот дел околу 8%.

Дали Вие имате Дискус Хернија? (Симптоми)

Во анамнезата има повеќе настапи на болки во лумбалниот дел на ‘рбетниот столб (лумбаго), обично после напрегање. Актуелна е болката која е лоцирана во истиот предел и се шири кон зглобовите во колкот, низ потколеницата и листот на ногата се до прстите. Парестезиите (променетата сензација, чувство на трнење), понекгаш и хипестезија (намалено чувство за допир) во палецот на ногата зборува дека е во прашање лезија на коренот L5, односно оштетување на дискусот помеѓу четвртиот и петиот лумбален прешлен. Кога овие пореметувања ќе се појават на надворешната страна на стапалото и малиот прст, станува збор за оштетувања на коренот S1.

 

Ахиловиот рефлекс е намален или угасен и тоа е најсоодветен знак. Болките се зголемуваат со движењето и напрегнувањето (кашлица, кивање, смеење). Истегнувањето на ишијадичниот нерв (со подигнување на испружената нога) доведува до зголемување на болката (позитивен знак на Лазаревиќ). Може да се најдат и разновидни моторни знаци – најчестиот наод е рефлексниот спазам на паравертебралната мускулатура која претставува одбрамбена реакција од болни движења.

Движењето на овој дел од ‘рбетниот столб е ограничено, особено кон назад. Може да се појави и хипотонија на мускулите, на пример глутеалните а понекогаш и мускулите на целата нога. Неможноста за стоење на прсти и петите е поседица на слабост на флексорите и екстензорите на палецот и флексорот на стапалото.

Пролапсот помеѓу вториот и третиот и третиот и четвртиот лумбален прешлен ја дава симптоматологијата од страна на нервус феморалис – намалување, т.е. гасење на пателарниот рефлекс, намалување на силата, хипотонија и хипотрофија на мускулус квадрицепс.